| четврток, 6 декември 2018 |

Ерменски судии доживотно суспендирани поради местење натпревар од Лига Европа

libanski sudiiЕрменски судии добија доживотна суспензија поради местење натпревар од првото квалификациско коло од годинешната Лига на Европа.

УЕФА ги суспендираше Анбдараник Арсенјан и Ховханес Авагјан откако докажа дека судиската двојка влијаела врз резултатот од натпреварот меѓу фински Интер Турку и Викингур Готе од Фарски Острови.

Резултатот од натпреварот станал сомнителен за УЕФА откако во обложувалницата Бетфер била уплатена сума од 300.000 евра дека двете екипи ќе дадат гол.

За време на натпреварот судиите досудиле два сомнителни пенали за двете екипи, но, и покрај сѐ, гостите од Фарски Острови победиле со 1-0 затоа што домаќините го утнале пеналот.
По истрагата на УЕФА е докажано дека Ерменците биле поткупени, но висината на сумата што ја зеле за да го наместат натпреварот не е откриена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top