Поради интервенција на настанат дефект во попладневните часови на главната водоводна линија, денес до полноќ ќе има прекин во водоснабдувањето на потегот од населба Св. Стефан до хотел Метропол, информираат од охридскиот водовод „Проаква“.
Екипите на МЈП Проаква Р.Е. Водовод – Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


