Тројца криминалци, познати и барани од страна на полицијата, и по кои беа распишани потерници за издржување затворски казни за различни тешки кривични дела, од загрозување на безбедноста, па сѐ до спречување а избори и гласање, беа приведени од припадниците на мобилната единица „Алфа“, информираат денеска од МВР.
Во Скопје, на ул. „Ќемал Сејфула“ е пронајден и приведен Јетон Р. (26), кој е баран по наредба од Основен суд Скопје 1 за издржување казна затвор во траење од вкупно тринаесет години и шест месеци. Пресудите му се изрекувани за повеќе кривични дела како: неовластено производство и пуштање во промет на наркотични средства и други психотропни супстанци, даночно затајување, загрозување на безбедноста, употреба на исправа со невистинита содржина, измами и прикривања.
Во вториот случај, на местото познато како Љубински Пат, е лоциран и приведен Исмет А.(41) од с. Сарај, Скопје, баран по наредба од Основен суд Скопје 1 – Скопје за издржување казна затвор во траење од една година за фасификување пари и за извршени повеќе тешки кражби.
Во третиот случај, од страна на „алфите“ на ул. „Антон Попов“ е пронајден и приведен Али А.(35) од с. Грушино, Скопје, баран по наредба на Основен суд Скопје 1 за издржување казна затвор во траење од шест месеци за спречување избори и гласање, недозволено изработување, држење и тргување со оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


