| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е најнеспособниот градоначалник

-Јасно е кој е шеф во СДСМ по изборот на новото раководство и јасно е што ќе се случува понатаму и во случајот со овие пет дрвјакај Бристол. Граѓаните треба да знаат дека оние луѓе што се собраа кај „Бристол“ се 90% членови и активисти на Бранко Црвенковски и негови послушници – реагира ВМРО-ДПМНЕ.

centar-drvja-protesti02

По низата преписки денес ВМРО-ДПМНЕ посочува:

Жерновски е најнеспособниот градоначалник во Република Македонија во првите 100 дена. Човекот се претстави пред јавноста со проекти кои ги нарекува реализирани, а за нив тендерот е објавен пред 1 недела, како што е случајот со училиштето во Капиштец, на пример. Ниту има завршен тендер, ниту избрано фирма што ќе го гради, ниту договор со таква фирма. Но, нему не му пречи овој проект да го вброи во реализирани. Имајќи предвид дека тој освен јавни изјави друго не знае да работи, разбирливо е што сечењето на петте дрвја го начека како проект на годината и со задоволство се приклучи на активистите на СДСМ и соросовите невладини организации. А што друго би работел овој човек?

Нема да дозволиме неработници, манипуланти и безидејни политичари да го запрат развојот на Скопје. Ако членството на СДСМ одбере да биде штитот на Бранко Црвенковски и алиби за неработењето на Андреј Жерновски, тоа е нивни избор. Наш избор е да создаваме дела. На крајот, едно прашање до активистите на СДСМ. Дали знаат дека токму оваа Влада заедно со градоначалникот на Град Скопје и градоначалникот на Општина Аеродром го подготвува проектот за најубавиот парк во југоисточна Европа и дали знаат кога СДСМ направил или замислил барем половина по големина од овој 25-хектарски парк? Дали за ова ќе смислат причина за протести и дали и овој парк ќе го вбројат во проектот Скопје 2014?.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top