| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров: Со победи на почетокот (Видео)

Кирил Лазаров зборуваше за многубројните новинари на официјалниот старт на сезоната во „Палау Блауграна“ Лазаров потврди дека со нетрпение го чека новиот почеток и дека е посебно мотивиран за нови победи

„Нашата цел е во првите еден-два месеци да ги добиваме натпреварите. Не е важно како и со колку голови, со еден, два разлика. И ние со Никола како нови ракометари полека да влеземе во системот на игра. Реков на претставувањето дека нема да ми треба многу време да се адаптирам, бидејќи играв тука во Атлетико Мадрид. Знам како се игра, каков е системот на Барселона и како што реков чекор по чекор, без брзање и како што одминува времето ќе бидеме се подобри„ рече Лазаров за шпанските медиуми и за клубската телевизија на Барселона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top