Градоначалникот на општина Велес, Славчо Чадиев, денеска во градскиот парк ја промовираше новата слободна интернет зона.
Со оваа нова зона граѓаните на Велес што престојуваат во градскиот парк, стадионот и спортската сала, ќе можат да користат бесплатни интернет услуги на своите лаптопи, таблети и мобилни телефони.
– Ова е придобивка за граѓаните, која слободно ќе можат да ја користат, а зад која финансиски целосно стои Општина Велес, во соработка со телекомунацискиот оператор „Близу“ – потенцира градоначалникот Чадиев.
Со проектот е овозможена 100-процентна покриеност со слободен интернет на сите зелени површини во градот, а телекомуникацискиот оператор „Близу“ засега е единствениот кој ќе се грижи за одржувањето на бесплатните интернет зони во градот.
За наредната година градоначалникот Чадиев најави проширување на бесплатната слободна интернет зона и во централното градско подрачје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


