| четврток, 6 декември 2018 |

Бесплатен интернет во велешкиот парк

Градоначалникот на општина Велес, Славчо Чадиев, денеска во градскиот парк ја промовираше новата слободна интернет зона.

Со оваа нова зона граѓаните на Велес што престојуваат во градскиот парк, стадионот и спортската сала, ќе можат да користат бесплатни интернет услуги на своите лаптопи, таблети и мобилни телефони.

– Ова е придобивка за граѓаните, која слободно ќе можат да ја користат, а зад која финансиски целосно стои Општина Велес, во соработка со телекомунацискиот оператор „Близу“ – потенцира градоначалникот Чадиев.

Со проектот е овозможена 100-процентна покриеност со слободен интернет на сите зелени површини во градот, а телекомуникацискиот оператор „Близу“ засега е единствениот кој ќе се грижи за одржувањето на бесплатните интернет зони во градот.

За наредната година градоначалникот Чадиев најави проширување на бесплатната слободна интернет зона и во централното градско подрачје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top