Битолскиот народен театар ќе гостува во Њујорк со претставата „Хенри Шести“ од Вилијам Шекспир, а во режија на Џон Блондел.
Актерите ќе настапат на престижна сцена во Њујорк за што се водат завршни преговори. Гостувањето е со финансиска поддршка на Министерството за култура и е составен дел на годишната програма за остварување на националниот интерес во културата.
Битолскиот театар со истата претстава гостуваше и во Лондон каде предизвика голем интерес кај тамошната културна јавност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.