Високите температури и празничниот викенд го наполнија Охрид. Преполни се сите хотели, а нема слободен кревет ниту во приватното сместување. На плажите пак, нема место пешкир каде да се стави. Полни се и ресторани
Локалните власти побараа од концесионерите на плажите да се придржуваат кон договорите и да им овозможат слободен простор на туристите кои не сакаат да користат лежалки и да пијат пијалоци од шанковите.
„Имавме забелешки околу начинот на користење на слободниот простор, кој што со концесионерскиот договор треба да го почитуваат закупците на плажите, во делот на оние 40% – 60 % кои треба да бидат ослободени од поставување лежалки, чадори и други реквизити, а кој што треба да биде наменет за користење за посетителите на плажите“, изјави Никола Бакрачески, градоначалникот на Охрид.
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески им порача на концесионерите доколку не се придржуваат на договорите ќе им бидат раскинати договорите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


