Веројатно најдобриот во историјата на „белиот спорт“ би требало да се врати на теренот веќе на следното Мастерс натпреварување во Соединетите Американски Држави, во Синсинати, каде што ќе ја брани титулата.
По изненадувачкиот пораз уште во втората рунда од годинашниот Вимблдон од Украинецот Стаховски, Федерер направи изненадувачки потег и настапи на на два турнира на земјја со цел да го тестира новиот, поголем рекет.
Следуваа уште два тешки пораза за петтиот тенисер на АТП, во Хамбург загуби од 114-от на светот, Делбонис, а во Гштад од 55-от светски рекет, Брандс.
Тенискиот турнир во канадскиот град Монтреал почнува во понеделник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



