Младиот шпански фудбалски стручњак, најуспешниот тренер во историјата на гигантот Барселона, во текот на четиригодишниот престој на „Ноу Камп“ како шеф на стручниот штаб, крена дури 16 титули.
„Она кое што според мене е најважно, е играчите во некој миг да ми кажат: Тренеру, ти помогна да станам подобар играч. Научив многу од тебе. Тоа ме прави посреќен“, додава новиот кормилар на Баравците.
Колку е искрен Шпанецот и дали и раководството на славниот бундеслигаш се согласува со неговата филозофија и ќе очекува напредок, а не наслови, не знаеме. Како и да е Гвардиола досега има половичен ефект.
Имено, откако летово на клупата го замени легендарниот Јуп Хејнкес, загуби во германскиот Суперкуп од најголемиот ривал Борусија Дортмунд, а првиот трофеј го крена откако во „Ауди купот“ славеше против Манчестер Сити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



