– Илинден е празникот кој обединува. Илинден е најсветлата нишка која е проткаена во историјата на Република Македонија. Тоа е денот кога ја празнуваме победата и непокорот, тоа е денот кога го празнуваме остварувањето на сонот на илјадници кои се втемелија во државноста на Македонија, без разлика на нивната вера и национална припадност. Денес со гордост се сеќаваме на делата на Илинденците од двете славни епопеи од 1903 и од 1944 година. Тие ни оставија аманет како треба да се сака, да се гради и да се чува нашата татковина. Нивниот пример е обврска за секоја идна генерација безусловно да ја води својата борба, борба за напредна, поуспешна Македонија. Нивниот сон за слободна и независна Македонија денес е реалност, а наша должност е тој нивен сон да продолжи, се вели во честитката од ВМРО-ДПМНЕ по повод Илинден.