| четврток, 6 декември 2018 |

Папата ќе го следи натпреварот помеѓу Италија и Аргентина

Селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Алехандро Сабелја, најави дека „Гаучосите“ на 14-ти август во Рим ќе одиграат пријателски меч со селекцијата на Италија, а дуелот ќе го следи папата Франциско

papa-500

Кормиларот на Јужноамериканците потврди дека дел од аргентинскиот состав ќе биде и најголемата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси.

Поглаварот на римокатоличката црква, кој по националност е Аргентинец, во пресрет на натпреварот ќе организира прием за двата тима во Ватикан.

Инаку, папата Франциско, чие што родено име е Хорхе Марио Берголхо, е поранешен надбискуп на Буенос Аирес и навивач на аргентинскиот прволигаш Сан Лоренцо.

„Аѕурите“ против Аргентина во Вечниот град претходно играа и во 2011-та година. Оваа пресметка исто така беше пријателска, а „Гаучосите“ ја добија со тесни 2:1.

Пред тоа, Аргентинците предводени од Диего Армандо Армандо Марадона ја елиминираа италијанската репрезентација на Светското фудбалско првенство во 1990-та година, по изведувањето пенали во незаборавното полуфинале во Неапол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top