Сер Алекс Фергусон ја одбил понудата за место во британскиот парламент и титулата лорд за да биде почесто со својата сопруга Кети. Од Лабуристичката партија излегле со таков предлог, но Ферги не прифатил.
– Алекс е лабурист и секогаш ѝ помагал на партијата. Сепак, рече дека не го интересира местото меѓу лордовите – вели претставник на оваа партија.
При заминувањето од фудбалската сцена што се случи летово по цели 27 години кормиларење на клупата на Манчестер јунајтед, Фергусон изјави дека ѝ должи многу на својата сопруга Кети и дека сака да биде со неа.
– Сите овие години Кети беше лидер на семејството, главниот столб што направи многу жртви за мене. Сакам да бидам покрај неа во пензионерските денови – изјави сер Алекс откако си замина од Манчестер јунајтед и од фудбалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“