Изрекувањето на смртна пресуда за 21 лице поради учество во масовна тепaчка на фудбалски натпревар минатиот февруари предизвика смрт на најмалку 30 луѓе. Над 300 се повредени во нередите во египетскиоот град Порт Саид откако незадоволни од пресудата, демонстранти се обидоа да влезат во затворот каде што се сместени осудениците при што убија двајца затворски полицајци. Силите за безбедност одговорија стрелаjќи од огнено оружје, а нередеите потоа се пренесоа на улиците во градот. Египетските власти најавија прогласување на вонредна состоја воодредени подрачја. При масовната тепачка по фудбалскиот напревар лани, загинаа 74 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.