| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува „Десет дена Крушевска Република“

me;kin kamenДенеска со пристигнувањето на коњаниците од Илинденскиот марш почнува прославата „Десет дена крушевска република“. Манифестацијата во пресрет на одбележувањето на двата Илиндена, 110-годишнината од Илинденското востание и 69 години од Првото заседание на АСНОМ, вечерва ќе биде отворена на Гумење со читање на Манифестот на Крушевската Република и со церемонија на изнесување и подигнување на бајракот.

Централниот собир ќе се одржи утре на Мечкин Камен, каде што ќе се обрати премиерот Никола Груевски, кој е годинашен покровител на манифестацијата.

Големиот народен собир ќе биде збогатен со настапот на ансамблот за фолклор „Танец“, а вечерта на плоштадот во Крушево ќе настапи Културно-уметничкото друштво „Наум Наумовски-Борче“.

Во следните денови манифестацијата, што се одржува под слоганот „Една идеја, многу победи“, ќе продолжи со настани посветени на денот на формирањето на Владата на Крушевската Република и на Манифестот на Крушевската Република, а ќе се одржат и настани за 70 години сеќавање на жртвите на холокаустот и во чест на хероите од Егејот.

Манифестацијата ќе заврши на 10 август на Гумење со спуштање на бајракот и стерлба во чест на хероите на Илинден и Крушевската Република.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top