На фотографијата е фамилијата Тарчуловски со фамилијата на градоначалникот на Кривогаштани
Откако се одморивме во селото Ропотово, се упативме по стрмниот пат за Кривогаштани.

Кога стигнавме таму бевме пријатно изненадени од еуфоричниот дочек кој што ни го приредија. Видно возбуден градоначалникот на Општина Кривогаштани, Тони Заткоски ни посака срдечно добредојде. Луѓето кои нѐ пречекаа исто така едвај го очекуваа моментот на нашето пристигнување за да ни посакаат добредојде, да се фотографираат и сите заедно да се радуваме за големиот македонски празник ИЛИНДЕН.

Градоначалникот Тони Заткоски ни приреди достоен пречек, имаше организирано цела културна манифестација во наша чест. Деца облечени во нашата традиционална македонска носија ги играа наштие вечни ора и песни пренесувани од нашите прадедовци од колено на колено.

Таму бев повикан да одржам пригоден говор и да се обратам на сите присутни, по кој ми беше врачена свечена плакета.
Потоа сите заедно се упативме до местото каде што беше организаран свечениот ручек подготвен од богатата македонска кујна која се негува во Кривогаштани и околината. Морам да ви признаам дека навистана храната беше прекрасна и верувајте не можевме да и оддолееме.

По незаборавниот пречек се испративме со кривогаштанци и тргнавме по патот за славното КРУШЕВО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Иванов: Никој и ништо не може да го запре нескротливиот марш кон слобода
-
Претседателот Иванов ќе се обрати на манифестацијата „Илинденски марш 2018“
-
Тарчуловски бара од судијката Димишкова да присуствува на обраќањето на Столтенберг
-
Тарчуловски: Кисела Вода ќе стане општина со која сите ќе се гордееме


