| четврток, 6 декември 2018 |

Соња со Мелани и Младен ги пречекаа Јохан и коњаниците во Кривогаштани (ФОТО)

Среда 31 јули. Стефан Насевски - портпарол на Јохан, ги пренесува деталните доживувања на Тарчуловски и ИЛИНДЕНСКИОТ МАРШ на пат кон Крушево

На фотографијата е фамилијата Тарчуловски со фамилијата на градоначалникот на Кривогаштани

Откако се одморивме во селото Ропотово, се упативме по стрмниот пат за Кривогаштани.

1.jpg

Кога стигнавме таму бевме пријатно изненадени од еуфоричниот дочек кој  што ни го приредија. Видно возбуден градоначалникот на Општина Кривогаштани, Тони Заткоски ни посака срдечно добредојде. Луѓето кои нѐ пречекаа исто така едвај го очекуваа моментот на нашето пристигнување за да ни посакаат добредојде, да се фотографираат и сите заедно да се радуваме за големиот македонски празник ИЛИНДЕН.

2.jpg 3.jpg 4.jpg
Градоначалникот Тони Заткоски ни приреди достоен пречек, имаше организирано цела културна манифестација во наша чест. Деца облечени во нашата традиционална македонска носија ги играа наштие вечни ора и песни пренесувани од нашите прадедовци од колено на колено.

5.jpg
Таму бев повикан да одржам пригоден говор и да се обратам на сите присутни, по кој ми беше врачена свечена плакета.
Потоа сите заедно се упативме до местото каде што беше организаран свечениот ручек подготвен од богатата македонска кујна која се негува во Кривогаштани и околината. Морам да ви признаам дека навистана храната беше прекрасна и верувајте не можевме да и оддолееме.

6.jpg 7.jpg
По незаборавниот пречек се испративме со кривогаштанци и тргнавме по патот за славното КРУШЕВО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top