Припадниците на навивачката група „Торцида“ што го поддржуваат сплитски Хајдук, во Скопје за време на дуелот со Турново во квалификациите за Лига на Европа истакнаа транспарент „Ја мразиме УЕФА“ и уште неколку пароли со навредлива содржина, а клубот ќе мора да плати казна. Случајот е интересен бидејќи европската куќа на фудбалот им забрани на најверните симпатизери на сплитските „били“ да патуваат за Скопје, но тие пристигнаа и го бодреа Хајдук.
– Ние сме веројатно единствениот пример во историјата што ќе плати казна за однесувањето на навивачите, а притоа тие да немаат право да бидат на трибините – изјави Марион Брбиќ, претседателот на Хајдук.
Утре сплиќани играат со Дила Гори од Грузија во третото квалификациско коло, а каква казна ќе добијат од УЕФА ќе се знае на 22 август.
Тогаш веројатно ќе биде познато какви санкции ќе има и кон македонскиот првак Вардар поради инцидентите пред јужната трибина на самиот почеток од натпреварот со Стеауа, кој се одигра на 23 јули во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“