| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарија со осум интернационалци за пријателскиот меч со Македонија

Бугарскиот селектор Љубомир Пенев повика осум репрезентативци што играат во странство, а останатиот дел се домашни играчи за пријателскиот меч со Македонија на 14 август на арената „Фили Втори“ во Скопје.

Голманот на Твенте, Николај Михајлов, е меѓу најискусните, а со него од бугарските интернационалци се повикани и Иванов од Партизан, Занев од Амкар, фудбалерот на ЦСКА Москва Миланов, Манолев од ПСВ Ајднховен, Мицански од Карслруе, Тонев од Астон Вила и напаѓачот Попов од руски Кубан Краснодар.

Натпреварот ќе се игра од 20.45 часот, а нашиот селектор Чедомир Јаневски допрва треба да го објави списокот со играчи за пресметката со Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top