| четврток, 6 декември 2018 |

Рускиот ракометар Атман мака мачи со скопските жештини

-Уште пред да пристигнам во Македонија знаев дека тука е многу потопло од тоа што сме навикнати во Русија, но ова е навистина неверојатно. Со заминувањето на Златибор и турнирот во Струга се ќе си дојде на свое место што се однесува на високите температури“ – низ насмевка вели тивкиот Павел Атман.

Ракометниот клуб Металург на својата страница објави фотографија од тренингот на кејот на Вардар. Велат и на високите температури ракометарите мораат да ги „одработат“ тренинзите во Скопје. Инаку Атман заедно со Сергеј Жедик летово го засилија Металург.

фото: Металург

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top