Рафаел Надал го возврати ударот по обвинувањата од Срѓан Ѓоковиќ, таткото на најдоброрангираниот светски тенисер Новак Ѓоковиќ. Во интервју за српски „Курир“ Срѓан Ѓоковиќ изјави дека Надал бил пријателски расположен кон син му само додека го победувал.
Потоа работите се свртеле, српскиот тениски ас почнал да реди победи над Рафа, па, како што рече Срѓан Ѓоковиќ, Шпанецот бил со поинакво расположение.
Надал одговори со контраудар, во разговор што го пренесе шпанска „Марка“.
– Прво таткото нека разговара со синот, па потоа нека објаснува работи што не ги познава доволно. Мене никогаш не ми било проблем да разговарам со Новак – изјавил Надал.
Срѓан го критикуваше и однесувањето на Роже Федерер, еден од најомилените тенисери на планетата. Ќе видиме дали и Швајцарецот ќе одговори на обвинувањата од таткото на Новак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.