Пуленот на романскиот диктатор Никола Чаушеску, Александер Вишинеску, е обвинет дека бил директно виновен за малтретирање и смрт на политички затвореници, а наместо одговори, за новинарите делеше шлаканици.
Случајот доби огромен публицитет откако беше објавено дека Вишинеску како главен човек во затворот Рамницу Сарат и самиот учествувал во малтретирањето на противниците на режимот на Чаушеску. Еден од починатите е Јон Михалаче, лидер на ПНТ или во оригинал Селанска народна партија во Романија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


