| четврток, 6 декември 2018 |

Тинејџерките ги рушат рекордите во пливање

По Рута Меилутите од Литванија, која вчера го урна рекордот на 100 метри градно на Сп во Барселона, денеска и нејзината врсничка, 16-годишната Американка Кејти Ледецки постави најдобро време во историјата на 1500 метри.

Меилутите беше побрза за 15 стотинки од досегашниот рекорд на Џесика Харди поставен во 2009 година, а исплива време за паметење од една минута, 4 секунди и 30 стотинки.

Денеска Ледецки тргна по патеката на рекордерките на СП и со резултат од 15 минути, 36 секунди и 53 стотинки, ја надмина сонародничката Кети Циглер со рекордот од 2007 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top