| четврток, 6 декември 2018 |

Ахмети: Идентитетот не е прашање на преговори

Идентитетот воопшто не е прашање на преговори, а потврда за тоа има и од Метју Нимиц и од сите други меѓународни центри.
Со преговорите за името не се задира ниту во јазикот и се преговара само за референцата БЈРМ. ВМРО-ДПМНЕ инсистира на Уставното име како дел од решението, но тоа е не може да помине и мора да има  компромис – вели лидерт на ДУИ, Али Ахмети.

Тој додава дека Груевски е  подготвен за дијалог на повисоко ниво, што се покажува и со писмото кое македонскиот премиер го испрати до грчкиот колега Самарас.
За Ахмети последниот предлог на Нимиц Горна Република Македонија е прифатлив, но смета дека за тоа треба и ќе има јавна дебата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top