Бугарските гиганти ЦСКА Софија и Левски играат лошо на почетокот на сезоната и се при дното на табелата без победа по две кола. Вечерва ЦСКА не успеа да победи во Стара Загора, против Берое, а утеха е евроголот на Григор Долапчиев во 83 минута. Од 30-на метри играчот на „армејците“ постигна прекрасен гол и израмни на 1-1. До крајот немаше погодоци, а ЦСКА го прокнижи и второто реми. Македонскиот интернационалец Христијан Кировски влезе како резерва за „армејците“ во 63 минута и одигра половина час.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)