| четврток, 6 декември 2018 |

Пожар во Аеродром, еден пожарникар е повреден

Еден пожарникар е полесно повреден додека пред дваесет минути заедно со колегите гаснеле пожар кој пламнал во магацин во посредна близина на касарната во скопската населба Аеродром, јави „плус инфо“. Повредениот со возило на итна помош е пренесен в болница.

Засега не е позната причината за пожарот кој навреме е локализиран од дваесетина пожарникарски екипи.

Пожарот предизвика голема паника кај локалното население кое им помагаше на пожарникарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top