Томи Робредо ја сопре одличната серија на Фабио Фоњини од 13 меча без пораз и со убедлива победа од 6-0, 6-3 го освои турнирот во Умаг. Шпанецот ја прокнижи 12 титула во кариерата, втора оваа сезона, а полека, но сигурно се враќа во ритам по повредата, што на долг период го одвои од тениските турнири.
Трофејот му го предаде претседателот на Хрватска, доктор Иво Јосиповиќ, заедно со чекот вреден 74 илјади евра. Фоњини доби двојно помалку пари, а и тој игра одлично. Во Штутгарт пред две недели го освои првиот трофеј во кариерата, а веднаш потоа, следниот викенд беше најдобар и во Хамбург. Сега Робредо го спречи да направи хет-трик и да ја продолжи низата од 13 победи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


