| четврток, 6 декември 2018 |

Суперкупот за Вардар

Вардар го освои првиот трофеј во новата сезона, а почетокот е со Суперкупот и дуелот меѓу шампионот на Македонија и освојувачот на Националниот куп. Поуспешен беше првакот Вардар и победи со 1-0, со голот на Филип Петров. Поради бојкотот на двете навивачки групи „Комити“ и „Војводи“, стадионот беше речиси празен, што покажува дека интересот за фудбал е паднат. И Вардар и Тетекс не претставуваа во европските купови и испаднаа веднаш на стартот. Шампионот е елиминиран од Стеауа во квалификациите за Лигата на шампионите, а Тетекс испадна по двомечот со Пјуник во филтер рундата за пласман во Лигата на Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top