| четврток, 6 декември 2018 |

Германија бара медицински сестри, електричари и машиновозачи кои не се од ЕУ

Cо цел да се справи со недостигот на работна сила што се должи на стареењето на населението, најголемата економија во Европа, Германија, денеска за прв пат објави список на работни места за работници кои не се од Европската унија, објави „Фактор“.

Во огласот, како што пренесува АФП, се бараат медицински сестри и негуватели за стари лица, експерти во областа на роботиката, електричари и машиновозачи. Луѓето кои сакаат да аплицираат за работните места, треба да ги презентираат квалификациите кои ги сметаат за подеднакви на оние во Германија.

„Потребни ни се квалификувани имигранти за да се обезбеди долгорочна благосостојба на Германија” – изјави министерот за труд, Урсула фон дер Лејен.

Новата иницијатива ќе ги олесни формалностите и ќе се намали бирократијата, откако ЕУ ја лансираше “сината карта”, која треба на високо образованите имигранти во ЕУ и на нивните семејства, да им гарантира социјални права како граѓани на Унијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top