Тежок инцидент попладнево се случи во познатиот албански приморски град Валона, во кој беа убиени три лица, а две се ранети, јавува „А1он“. Инцидентот се случил во еден ресторан кај плажата Расум, поточно местото познато како „Ладна вода“ кога се уште неидентификувано лице со автоматска пушка „калашников“ пукало во правец на двете убиени момчиња, на возраст од 17 и 20 години, додека убиената жена (40) била турист и случајно е застрелана. Двајцата повредени се пренесени во регионалната болница во Валона и според лекарите се надвор од животна опасност. Очевидци изјавија дека убиецот е момче на околу дваесетгодишна возраст, дека цел му биле двете убиени момчиња и оти по инцидентот со возило побегнал од местото на настанот.
Инцидентот предизвикал паника меѓу големиот број капачи кои биле на плажата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.