| четврток, 6 декември 2018 |

На холандски туриски детето им го каснало куче на сопственик на ресторан, а немало ниту доктор да им даде серум

Пријатната вечера на семејството Гостимир од Холандија во еден од рестораните на велешко езеро заврши со немил инцидент, јави порталт „Дума“.  Единаесет годишната ќерка Јована одејќи во тоалет ја каснало кучето на сопственикот на ресторанот кое слободно шетало низ објектот. Гостимир кои порано, кусо време живееле во земјава, но сега во Холандија се изненадени од однесувањето на сопственикот кој се однесувал како ништо да не се случило.

– Сопственикот никако не постапи, не ни укажа помош само ароганто се однесуваше. Веднаш го сокри кучето кое ја нападна мојата ќерка. Како може во угостителски објект да се наоѓа куче кое е опасно по живот и да шета по ресторанот. Не знам дали санитарно и здравствено е дозволено куче да шета во објект каде се служи храна, рече Анѓелко Гостимир, татко на Јована.

Уште една непријатност ги пречекала кога отишле во велешката болница каде велат бидејќи било доцна навечер им рекле дека нема доктор за да му пушти серум  и ги замолиле да дојдат наутро. Од болницата велат дека 24 часа е периодот во кој може да се пушти вакцината и за тоа не мора итно да се реагира. Гостимир пак пријавиле и в полиција и во Холандска амбасада која се заинтересирала за случајот.

– Многу сакав да дојдам тука и со чувствувам добро, но поради ваквите случаи не ми се останува ниту еден час. Мислам дека институциите во Македонија не функционираат добро ама мојот пример нека биде тест дали функционираат. Јас сум спремен да одам до крај, ако не добијам поддршка од тука ќе одам до меѓународниот суд за човекови права. Не е во прашање оштета туку принцип и закон и нормално однесување да се чувствувам како нормален граѓанин, рече Гостимир.

Семејството на каснатото девојче ќе поднесе и приватна тужба против сопственикот и се надеваат дека нивниот случај е последен бидејќи дознале дека за само еден месец нивната ќерка е трета жртва на истото куче. Велат ја сакаме Македонија, но непријатното искуство низ кое поминавме сакаме да го заборавиме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top