| четврток, 6 декември 2018 |

Пендаровски: Проблемот со Грција не може да се реши со директни преговори без да се оштети националниот идентитет

Stevo-Pendarovski-slajder-740x320Ние здобивме условен рефлекс да му се навраќаме на проблемот два пати годишно како што диктира бриселската агенда, меѓутоа, секоја реална анализа ќе покаже дека многу одамна веројатно само неколку месеци по самитот на НАТО во Букурешт преговорите беа де факто замрзнати. Според достапните информации, активностите и на Скопје и на Атина во изминативе пет години се строго формални без обиди за суштински пробив во преговорите, при што единствената цел на учесниците е да се остане во процесот на Нимиц. Секопја од страните има различни причини за таквото однесување, вели универзитетскиот професор Стево Пендаровски зборувајќи за последните случувања околу спорот за името и одбивањето на Самарас на директни средби со македонскиот премиер.

На прашањето што може да се случи во блиска иднина, Пендаровски одговара дека Грција нема да понуди ништо повеќе од меморандумот за разбирање, а Македонија ќе продолжи да нуди средби без содржина на највисоко ниво.

Нашиот проблем е што последниве години се случи комплетен пресврт во перцепцијата на клучните меѓународни играчи. Овој факт има критично значење за нас затоа што спорот не може да се реши со директни преговори со Грција а притоа да не биде оштетен македонскиот национален идентитет, вели Пендаровски.

(Повеќе за грчките калкулации во разговорите за името прочитајте во најновиот број на неделникот Република кој е во продажба од 26 јули)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top