| четврток, 6 декември 2018 |

Со гушкање против притисок

Научниците од универзитетот во Виена велат дека гушкањето на блиските може да го намали крвниот притисок и стресот, па дури и да го подобри помнењето. Но ако не се познавате, гушкањето го покачува нивото на стрес.

Гушкањето на саканите поттикнува хипофизата да го лачи хормонот окситоцин, поврзан со социјалното однесување и блискоста на родителите и децата или брачните партнери.
4Ефектот од тоа е намалување на крвниот притисок, намалување на стресот и тегобите, а може дури и да го подобри помнењето, наведуваат научниците.
Но, гушкањето на лица кои не ги познавате добро може да има спротивен ефект бидејќи го зголемува нивото на стрес и поттикнува лачење на хормонот на стрес кортизол.
2Научниците утврдиле дека нивото на окситоцин кај паровите кои се во хармонични врски како и кај жените по породувањето и за време на доењето за да се зајакнат врските на мајката и новороденчето.
Неврофизиологот Јурген Сандкулер вели дека „позитивните ефекти има само ако луѓето си веруваат едни на други, ако чувствата постојат обострано и ако исти сигнали меѓусебно се испраќаат“.

3Поради тоа тој предупредува против социјалното движење „бесплатно гушкање“, идеја со која на непознати лица на јавни места им се нуди гушкање, бидејќи тоа го зголемува нивото на стрес.

Фотографиите од „бесплатните гушкања“ низ светот се преземени од агенцијата ЕПА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top