Гушкањето на саканите поттикнува хипофизата да го лачи хормонот окситоцин, поврзан со социјалното однесување и блискоста на родителите и децата или брачните партнери.
Ефектот од тоа е намалување на крвниот притисок, намалување на стресот и тегобите, а може дури и да го подобри помнењето, наведуваат научниците.
Но, гушкањето на лица кои не ги познавате добро може да има спротивен ефект бидејќи го зголемува нивото на стрес и поттикнува лачење на хормонот на стрес кортизол.
Научниците утврдиле дека нивото на окситоцин кај паровите кои се во хармонични врски како и кај жените по породувањето и за време на доењето за да се зајакнат врските на мајката и новороденчето.
Неврофизиологот Јурген Сандкулер вели дека „позитивните ефекти има само ако луѓето си веруваат едни на други, ако чувствата постојат обострано и ако исти сигнали меѓусебно се испраќаат“.
Поради тоа тој предупредува против социјалното движење „бесплатно гушкање“, идеја со која на непознати лица на јавни места им се нуди гушкање, бидејќи тоа го зголемува нивото на стрес.
Фотографиите од „бесплатните гушкања“ низ светот се преземени од агенцијата ЕПА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


