Во сабота од 18:15 часот во Сараево, каде се одржува младинскиот шампионат на светот, ќе бидат извлечени двојките за овогодинешниот IHF Суперглоб кој ќе се одржи во Доха од 25 до 30 август.
Како и што се очекуваше Барселона на Кирил Лазаров е носител во ждрепката и не може да се соочи со Хамбург кој е носител во другата група.
Најдобрите две селекции од секоја група ќе го обезбедат полуфиналето. Лазаров минатата година го освои ова натпреварување со Атлетико Мадрид, а има и две финалиња со Ал Саад и Реновалиа Сиудад Реал.
1 шешир: Барселона, Хамбург
2 шешир: Ал Саад, Етуал Спортив де Салах
3 шешир: Ал Џаиш, Ал Рајан
4 шешир: Табауте, Сиднеј Универзитет
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


