| четврток, 6 декември 2018 |

Предраг Ранѓеловиќ од Вардар се враќа во Партизан

Предраг Ранѓеловиќ е пред враќање во матичниот клуб Партизан, а тренира со „црно-белите“ и веројатно ќе потпише договор со нив навреме за настап во квалификациите за Лигата на шампионите против Лудогорец. Ранѓеловиќ помина две сезони во Вардар, одигра одлично, дури доби и македонски пасош, но не најде заеднички јазик со Управата и летово си замина.

Интересно е што тој беше капитен на Телеоптик, вториот или младински тим на Партизан, а не стаса да заигра за сениорскиот тим на српскиот шампион.

Засега 24-годишниот играч за врска, само тренира со Партизан, а постои голема веројатност дека ќе потпише и договор со матичниот клуб.

– Засега не се знае ништо. Можно е да го ангажираме – вели Алберт Наѓ, спортски директор на Партизан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top