Поранешниот македонски селектор Џон Тошак, доживеа вистинска бламажа со тимот на Казар Ленкоран, а дебаклот е ретко виден во европски рамки со 8 примени и ниеден постигнат гол. Велшанецот настрада во дуелот со Макаби Хаифа и тоа на домашен терен, во Азербејџан.
По ова можно е тој да си поднесе оставка, а не се прослави и кога беше на кормилото на македонската фудбалска репрезентација. Во Казар игра и нашиот репрезентативец Никола Глигоров, но тој беше резерва. Тошак му даде шанса на дефанзивниот играч за врска во 60 минута, кога бродот на Казар веќе беше потонат, а тимот губеше со 0-6.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“