| четврток, 6 декември 2018 |

Љубчо Георгиевски: Лично Павле Трајанов ми рече дека сите досиеја се уништени

Претседателот на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски бара од Kомисијата за лустрација да ги разгледа досиејата на сите основачи на ВМРО-ДПМНЕ, а посебно досието на Драган Богдановски, за кој е сигурен дека бил  соработник на тајните служби, јавува „Телма“. Георгиевски е изненаден  од појавувањето на одредени досиеја во јавноста затоа што  лично  поранешниот министер за внатрешни работи Павле Tрајанов го информирал дека сите се уништени. За Георгиевски ова е доказ дека постојат приватни архиви. Бара од нив да го обелоденат  целото досие  ,,Рашомон”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top