| четврток, 6 декември 2018 |

Турново – Хајдук без голови по 45 минути, гостите од Сплит подобри во првото полувреме

Хоризонт Турново останува во игра за пласман понатаму во квалификациите за Европа Лигата, иако беше послаб противник по првите 45 минути против Хајдук во реваншот од второто коло. Стојан Димовски, голманот на нашиот претставник брани извонредни и тој е најзаслужен што Хајдук нема предност по првиот дел.

На полувремето играчите заминаа во соблекувалните без постигнат гол, што значи дека тимот од Сплит се уште ја чува предноста од првиот натпревар кога славеше со 2-1. Ако сака да оди понатаму Турново мора да постигне гол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top