Пуштен е во употреба новоизградениот паркинг покрај булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, сместен зад објектот на Автомото сојузот на Македонија, јавува порталот „Фактор“. Со него ќе стопанисува ЈП „Градски паркинг“, а има капацитет за 111 возила и површина од 1.389 метри квадратни.
Како што информираше градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, а за реализација на проект од градската каса се издвоени 2,8 милиони денари. Целта е со новиот паркинг, на жителите на околните згради и на вработените во институции да им се овозможи полесно наоѓање место за возилата.
Еден час паркирање ќе чини 25 денари, а станарите на околните згради ќе добијат попусти. Паркиралиштето го направија екипите на ЈП „Улици и патишта“, информираат од град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.