| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанија ја намали невработеноста

spanija nevraboteniВо Шпанија се намали бројот на невработени во вториот квартал од годинава. Вкупното намалување е  за 225.200 лица. Бројката на невработени во државата изнесува малку под шест милиони, или поточно 5.977.500 невработени. Cо ова, невработеноста во земјата падна на 26,26 проценти, првпат по две години. Намалувањето,главно, се должи на туристичка сезона каде има зголемена побарувачката за работници.

Рекордот на невработени во Шпанија се достигна во првите три месеци годинава кога изнесуваше 27,2 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top