Со парафирањето од вицепремиерот Зоран Ставревски на Спогодбата меѓу Македонија и Германија за финансиска соработка за „Програма енергетска ефикасност и обновливи енергии фаза III” во вредност од 35 милиони евра ќе се дофинализираат Паркот на ветерните електрани „Богданци“, како и проектот ХЕЦ „Шпиље 2“.
Во изминатата година АД „Електрани на Македонија“ ги заврши сите потребни меѓународни тендерски постапки за избор на опрема и изведувачи на проектот ПВЕ „Богданци“, од изградба на потребната инфраструктура, до изведувач на изградбата на ветерните електрани. Компанијата потпиша договор со Сиеменс Винд од Данска во конзорциум со грчки Сиеменс АС за испорака, транспорт, монтажа, пуштање во работа и одржување на шеснаесет турбини на ветер за ПВЕ „Богданци“.
Во моментов, веќе се работи на изведбата на потребната инфаструктура и придружни објекти за ветропаркот преку договор со конзорциумот „Терна Сименс“ за изведба на патна инфраструктура, приклучен далекувод, командна зграда и 20/110 киловолтна трафостаница.
Дел од средствата за реализација на проектот чијашто проценета вредност е 55,5 милиони евра се обезбедени преку кредит од германската КфВ банка во износ од 47,9 милиони евра, а 7,6 милиони евра обезбеди АД ЕЛЕМ од сопствени средства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Миноски: Стопирањето на изградбата на инфраструктурните проекти доведоа до пад на економската активност
-
Задолжувањата растат вртоглаво: Владата и МФ се задолжуваат нови 56 милиони евра
-
Општина Штип ќе ги обезбеди сретствата кои Министерството за култура му ги скрати на „Макфест“
-
Владата на Заев денеска ги задолжи граѓаните со нови 15 милиони евра!


