Гонзало Игуаин, играчот на Реал Мадрид, се согласи на договор со Наполи откако двата клуба постигнале договор за неговото обесштетување.
Наполитанците се подготвени да платат 37 милиони евра плус бонуси за да го доведат аргентинскиот ас во Неапол и да го направат најплатен играч во Серија А со годишна плата од 6 милиони евра. Гонзало треба да го замени Едисон Кавани во екипата на Наполи, кој го напушти клубот и премина во екипата на ПСЖ.
Игуаин имаше желба да потпише со екипата на Арсенал, но овој трансфер пропадна. Јувентус исто така беше заинтересиран за играчот на Реал, но нудеше „само“ 22 милиони евра и потоа го купија Тевез, кој чинеше двојно помалку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


