Тракторист од кумановското село Орашац вчера починал откако бил прегазен од тракторот со кој работел на нива. Според податоците на полицијата, Петко А., 63-годишен, бил прегазен од тракторот откако не успеал да го запре. Тракторот се придвижил додека кумановецот товарел пченица на него.
Земјоделецот починал на пат до болница. Полицијата извршила увид на местото на несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.