| четврток, 6 декември 2018 |

Азаренка со камбек до нов Гренд Слем

Најдобрата тенисерка во светот ја одбрани титулата во Мелбурн со пресврт против кинеската На Ли која поведе, но потоа запре

Викторија Азаренка е победничка на женскиот дел од Австралија оупен. Белорусинката за одбрана на трофејот во Мелбурн парк претпладнево тргна бавно и лошо, но откако го загуби првиот сет со 4-6, во продолжение играше многу поагресивно, не и остави многу простор на кинеската На Ли и ги доби следните два сета со 6-4, 6-3. Победата ќе ја зацрвсти Азаренка на првото место на ВТА листата, а на контото ќе и донесе нови два милиона и петстотини илјади долари. За вториот Гренд Слем во кариерата на 23 годишната најдобра тенисерка на светот денеска и требаа цели 2 часа и 40 минути, по што стана осмата тенисерка во историјата што успеала да го одбрани подиумот на турнирот. За Ли лошо мина и новото финале на Род Лејвер арената, загуби и во 2011.година, по што останува на пехарот од Ролан Гарос од пред две години.

Утре наутро во Мелбурн се игра машкото финале меѓу Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј кое практично е реприза на нивните мечеви од главниот тунир на петтиот континент од лани и предлани, кога Ѓоковиќ победуваше за титули, но и од тој од Њујоршкиот турнир во август кога шкотскиот тенисер дојде до првиот Гренд Слем. Во вкупниот број финални средби Србинот е поуспешен 7-5, истото се однесува и во бројот на пехари, 5-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top