| четврток, 6 декември 2018 |

Принцот се роди!

По цел ден поминат во породилната сала, Војвотката од Кембриџ, принцезата Кејт роди здраво машко дете. Идниот крал на Англија е тежок 3,8 килограми и се роди во болницата „Св.Мари“ во Лондон, каде што се родија и неговиот татко, принцот Вилијам и неговиот чичко, принцот Хари.

И мајката и бебето се добри.

Кралицата го довела на свет нејзиното прво, па машко дете по природен пат, без царски рез, во 4:24 часот по Гринич, а пред неколку минути портпаролот на Палатата им ја соопшти веста на целата јавност, пред сѐ на Британците и новинарите кои чекаа пред болницата со саати, денови, дури и недели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top