| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкуловска: МВР апси по наредба на судот, министерот не мора да знае

– Воопшто не е необична практика, ниту за Македонија, ниту за Германија, ниту за Велика Британија или која било друга земја во светот, полицијата да постапува веднаш, без одложување по наредбите на надлежните институции. Тоа значи дека ако во овој момент ние добиеме наредба од обвинителството или од судот, таа ќе биде веднаш спроведена. Не мора да биде информиран ниту министерот, ниту други високи државни функционери –  изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за апсењето на директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман.

Премиерот Никола Груевски во неделата изјави дека за случајот со Паско Кузман слушнал од медиумите, дека тој е негов близок соработник и дека својата одбрана, Кузман ќе има можност да ја каже пред судот.

Паско Кузман беше уапсен минатата недела и е осомничен дека незаконски издавал дозволи за копање на два локалитета и дека го оштетил МВР за 1,2 милиони денари со тоа што не платил за полициско обезбедување на локалитетите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top