Ташко Јованов и Александар Ѓорѓиев се двајцата македонски државјани кои денес беа вратени од македонско-грчката граница. По случајот со враќањето на Ѓорѓија Џорџ Атанасовски изминатата недела, уште на најмалку двајца македонски државјани не им било дозволено да влезат во Грција.
Според „Нетпрес“ и покрај уредните документи кои ги поседувале, тие биле спречени да влезат во Грција. На нивните прашања зошто не им се дозволува влез и покрај поседот на сите документи, грчките гранични служби само кратко им рекле дека се внесени во регистарот на непожелни лица во Грција и дека на граничните службеници така им било соопштено од Атина каде што се води регистарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Тензии на граница, мигранти од БиХ насилно се обиделе да влезат во Хрватска
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!