| четврток, 6 декември 2018 |

Град Скопје ќе ги чисти спомениците во Центар

most oko02Одржувањето на спомениците во Центар оди на товар на Град Скопје. Вака одлучија советниците на Општина Центар, кои едногласно изгласаа чувањето, одржувањето, заштитата и користењето на споме- обележјата од проектот „Скопје 2014“ на подрачје на Општина Центар да го отстапат на Град Скопје.

– Само за одржување на фонтаната на Александар Македонски и двете фонтани во Вардар во изминатиот годишен период се потрошени околу 145.000 евра, од кои 35.000 евра за струја. За одржување на сите споменици и фонтани, не вклучувајќи ги плоштадите „Пресвета Богородица“, „Карпошово востание“ и мостовите „Око“ и оној на уметноста, Општината на годишно ниво има трошок од околу 255.000 евра. За физичкото обезбедување Општината за период од две години ќе треба да плати речиси 60.000 евра. За одржувањето на вечниот пламен во паркот „Жена-борец“ општинската каса треба да е покуса за 7.000 евра, а две полнења на резерватот во период од шест месеци чини околу 3.500 евра. Ова, всушност, се смета како предлог за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Центар според одредбите на Законот за локална самоуправа, а меѓусебните права и должности да се уредат со договор што ќе го склучат двајцата градоначалници – велат од Центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top